Рускиот тенисер Андреј Рубљов изјави оти тешко ја поднел забраната од организаторите за настап на годинешниот грен – слем турнир во Вимблдон, која беше воведена за руските и белоруските тенисери и тенисерки поради инвазијата врз Украина.

Рубљов рече дека биле понудени неколку дипломатски решенија за да се најде решение, но не наишле на разбирање од организаторите.

– Им понудивме на организаторите некои решенија, кои на дипломатски ниво би биле од помош. Сакавме да играме во мешани двојки со Украинците и да не се натпреваруваме за трофеи. Сакавме да ја искористиме платформата на турнирот да покажеме дека тука не се бориме, дека нема војна во тенисот. Тоа сега е најважно, изјави Рубљов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.