Освојувачот на годинешниот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на последниот грен-слем турнир сезонава УС Опен, соопштија организаторите.

Ѓоковиќ се најде на листата учесници на грен-слемот во Њујорк, но организаторите најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на американските власти, со која на невакцинирани странски државјани им е забранет влез во САД.

УС Опен не воведе задолжителна обврска за вакцинација за своите учесници, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД, која се однесува на влез во земјата за невакцинирани неамерикански државјани – соопштија организаторите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.