Голема е веројатноста дека организаторите на Вимблдон ќе ја укинат забраната за настап на руските и белоруските тенисери/ки ова лето на грен-слем турнирот во Лондон.
На нив лани им беше забрането да дојдат во Лондон поради војната во Украина, но и покрај тоа што војната сè уште трае, дел од британските весници пишуваат дека забраната би можела да биде укината.
Вимблдон годинава ќе се одржи од 3 до 16 јули.
Според медиумите, руските и белоруските тенисери/ки ќе настапат на Вимблдон под неутрални обележја, а веднаш ќе бидат санкционирани доколку на каков и да е начин покажат дека ја поддржуваат руската воена операција во Украина.
Секогаш ќе ја почитувам одлуката на Вимблдон каква и да е. Ја почитував и лани. Тенисот е моја работа и секако дека би сакал да настапам на лондонската трева, но доколку не е судено ќе го прифатам тоа без најмала забелешка“, изјави шесторангираниот тенисер на АТП листата, Русинот Данил Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.