Трагични вести пристигнуваат од руската престолнина. Синоќа рускиот хокеар Роман Дидур е убиен на улицата Николајамскаја во Москва.

Дидур бил во кафуле каде што настанала расправија, а по излегувањето од зградата бил нападнат од 37-годишен маж кој го прободел во градите, а 22-годишен спортист починал пред да пристигне брзата помош.

Според полицискиот извештај, убиецот набрзо бил уапсен, а се работи за 37-годишниот Арман Кујумџија.Последниот клуб за кој играше Дидур беше тимот на РГУНГ Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.