Нешто повеќе од еден месец откако ја освои својата прва грен-слем титула во кариерата, 23-годишната казахстанска тенисерка Јелена Рибакина изјави дека не се чувствува како победничка на Вимблдон, бидејќи за тоа не е наградена со бодови на ВТА листата.
Сонував да го освојам Вимблдон. Штета што не се чувствувам како победничка на Вимлбдон – им изјави Рибакина на новинарите во Њујорк каде што се подготвува за настап на последниот годинашен грен-слем турнир.
Женското тениско здружение (ВТА) и Здружението на тениски професионалци (АТП) оваа година одлучија турнирот во Вимблдон да не се бодува, затоа што британските организатори им забранија настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки поради војната во Украина.
Во нормални околности, триумфот на Вимблдон на Рибакина ќе ѝ донесеше 2.000 бодови и, во моментов, шесто место на ВТА листата, но казахстанската тенисерка сега е само 25. рангирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.