Возачот на Мерцедес Џорџ Расел е победник на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Белгија.

Тој за половина секунда беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон.

Веднаш зад Британците заврши Оскар Пјастри од Мекларен со 1,1 секунда заостанување.

Бодови во 14-та сезонска трка освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен) Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).

Расел ги сподели своите впечатоци по победата на Големата награда на Белгија извојувана попладнево на Спа.

Неверојатен резултат. На стратешкиот брифинг утринава дефинитивно не ја очекувавме оваа победа. Болидот беше феноменален. Направивме многу промени од петокот навечер. Гумите беа во одлична состојба. Постојано велев: „Мислам дека можеме да успееме со еден пит стоп“. Стратегијата функционираше одлично. Луис [Хамилтон] заврши добра работа. Тој навистина ја контролираше оваа трка. Доколку околностите беа поинакви, сигурен сум дека тој ќе ја однесеше оваа победа. Двојниот триумф е фантастичен резултат за Мерцедес, изјави Расел.

Во Генералниот поредок води Верстапен со 275 бодови, пред Норис со 197 и Леклер со 174. Расел со 147 бода е на седмата позиција.

Кај конструкторите води Ред Бул 404 бодови, пред Мекларен со 361 и Ферари со 340.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.