Победникот Џорџ Расел, неколку часа по завршувањето на трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа Франкоршамп е дисквалификуван и триумфот му е доделен на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.
Причина за дисквалификацијата е тоа што болидот на Расел бил за 1,5 килограм полесен од дозволеното што е утврдено на официјалното мерење по трката. Минималната тежина на болидите треба да изнесува 796,5 килограми, а на Расел изнесувала 795 килограми.
За Хамилтон ова е 105. победа во кариерата, а втора оваа сезона откако триумфираше и на трката за Големата награда на Велика Британија. Второто место му припадна на Пјастри од Мекларен, а третото на Леклерк од Ферари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.