Рафаел Надал славеше на Австралија опен со што дојде до 21. грен-слем трофеј во својата кариера. Тоа е рекорден број грен-слем титули што ги освоил некој тенисер во историјата.

Во финалето во арената „Род Лејвер“ во Мелбурн, што траеше повеќе од пет часа, Надал го совлада Русинот Данил Медведев со 2:6 6:7 6:4 6:4 7:5, со што дојде до својата втора победа на Австралија опен.

Клучниот момент што го прекрши финалето се случи во средината на третиот сет, кога Медведев имаше предноста од 2:0 во сетови, 3:2 во гемови и 40:0 во четвртиот гем на сервис на Надал, но неуспеа да направи брејк за значителна предност.

Од тој момент, силата и пред се концентрацијата почнаа да го напуштаат рускиот тенисер, додека Надал почна да игра многу подобро отколку на почетокот, што на крај доведе и до триумф на Шпанецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.