Премиерот на Австралија Скот Морисон се закани дека Новак Ѓоковиќ може да биде вратен од австралиската граница.
Ова ќе биде сторено доколку го нема потребниот и валиден доказ со кој се потврдува дека не може да се вакцинира.
Се очекува дека Ѓоковиќ во наредните часови ќе пристигне во Мелбурн, но што ќе се случи по слетување на аеродромот – сè уште не се знае.
Кој сака да влезе во Австралија, мора да ги почитува нашите правила. Кога ќе пристигне Новак Ѓоковиќ во Австралја, ако не е вакциниран, а нема доказ дека не смее да биде вакциниран од медицински причини, ќе биде вратен со следниот авион дома. Нема да има привилегии за Новак ниту за кој било, порача Морисон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.