Teнисерот Новак Ѓоковиќ веќе четврти ден е во имиграциски хотел во Мелбурн, каде ја чека судската разврска за неговиот случај, дали ќе му биде дозволен влез во Австралија.

Одлуката треба да биде донесена во понеделник наутро, или вечерва на полноќ по средноевропско време, кога ќе започне рочиштето за жалбата на првиот тенисер во светот. Неговите адвокати ќе се обидат да го уверат судот, место да го вратат назад, да изберат Ѓоковиќ да учествува на „Австралија Опен“.

Ова секако ќе биде еден од најгледаните настани годинава, а целиот процес поради транспарентност ќе биде пренесуван во живо.

Видеото можете да го гледате на следниот ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.