Оваа година Сојузот на спортови на Град Скопје во рамките на Виз Ер Скопски маратон повторно ја организира Авицена Женска, овој пат 7-ма година по ред, а ќе се одржи во недела, 31 март 2019 година.

Авицена Женска трка е одлична можност за сите заинтересирани жени да ги започнат подготовките за Виз Ер Скопски маратон. Трката се одржува 7-ма година по ред, но втора година како улична трка. Новина во оваа трка е тоа што патеката оваа година ќе биде долга 3 километри, за разлика од минатите години кога беше 2 километри. Затоа пријавувањето го отвораме денеска, при што отвораме можност за што повеќе пријавени учесници, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

Пријавувањето ќе биде во неколку бранови, а секој учесник кој ќе се пријави до 28-ми февруари 2019 година ќе може да си купи и уникатна dry – fit маица при што 100 денари од секоја продадена маица ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

Заинтересираните може да се пријават на www.zenskatrka.mk или преку партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/. Трката е во организација на Сојуз на спортови на Град Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт на Република Македонија, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2019.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.