Селекторот Марјанчо Лазарески изјави дека очекува македонската репрезентација во традиционално теквондо да продолжи со успешните настапи на Европското првенство кое се одржува во Италија, откако Христијана Парулеска го освои сребрениот медал.

На ЕП во традиционално теквондо, чиј домаќин до 24 април е италијанскиот град Јесоло, македонската репрезентација, предводена од селекторот Лазарески, е претставена со седум натпреварувачи, од кои три во женска и четири во машка конкуренција.

– Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот Лазарески, по успешниот настап на охриѓанката Парулеска и освоеното второ место.

На ова прво ЕП во традиционално теквондо, по пандемијата на коронавирусот, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.