Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.

Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио.

Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија.

Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.

Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.

Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо.
Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.