Антисексуалните кревети пристигнаа во Олимпиското село во Париз, на кои спортистите ќе спијат за време на Олимписките игри закажани од 26 јули до 11 август.
Овие 18.000 кревети се долги 2,1 метар и можат да носат до 200 килограми. Тие се направени од рециклиран картон, душеците се од полиетилен, а по Олимписките игри ќе се користат за производство на пластика.
Одлуката е во согласност со еколошките стандарди кои претходно ги поставија организаторите на Олимписките игри.
Секој кревет ќе има по три перници, а секој спортист ќе може да ги избере перниците според своите потреби во посебна апликација.
Овие кревети се нарекуваат кревети против секс бидејќи се премногу слаби за секаков вид на интимни односи. Ова е утврдено врз основа на искуството од Олимписките игри во Токио во 2021 година, кога тие беа користени за прв пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.