Организаторите на Светскиот куп во скијачко трчање и во комбинација, што требаше да се одржи на 22 и 23 овој месец во Словенија, е откажано поради зголемениот број на позитивни на коронавирус. Организаторите се одлучија на овој чекор и покрај идеалните зимски услови на Планица и последните подготовки на спортските објекти и придружната инфраструктура.

Критичната епидемиолошка ситуација во Словенија и Европа наметнува многу дополнителна работа и одговорност за обезбедување безбедна средина за сите учесници, што дополнително ги отежнува проекциите за побрзо ширење на епидемијата во наредните денови, се вели во соопштението на организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.