Швајцарецот Рајан Режес во својот прв настап во кариерата на Зимските олимписки игри го освои златниот медал во слободно скијање, во дисциплината ски крос.

Среброто му припадна на неговиот сонародник Алекс Фива, кој, пак, својот прв олимписки медал го освои на 36-годишна возраст.

Место на победничкиот пиедестал имаше и за рускиот натпреварувач Сергеј Ридзик, кој на последните Игри во Пјонгчанг, исто така, го освои бронзеното одличје во ски крос трката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.