Немили сцени на мечот од женската одбојкарска лига меѓу Работнички – Струмица .Блокерот на Струмица,Александра Шчекиќ ја поздравува публиката на Работнички со „среден прст“ а недолично се однесуваше и кон домашните играчи.
Бранителот на титулата во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, екипата на Работнички, ја оствари и втората победа во финалето на плеј-офот против големиот ривал Струмица. Вечерва на домашен терен во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, одбојкарките на Работнички и вторпат за само неколку дена славеа против неприкосновениот лидер во регуларниот дел од сезоната со 3:0 и дојдоа на чекор до новата шампионска титула.
Струмичанки како и на првиот меч одиграа цврсто, но во решавачките моменти немаа нерви за да дојдат до полн успех. Вистинска драма имаше во првиот сет кој Работнички го доби на разлика, но и во следните два видовме неизвесна одбојка до самиот крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.