Поранешниот француски велосипедист, Марк Мадио, смета дека Новак Ѓоковиќ, мора да биде суспендиран, затоа што одбил комплетно тестирање на допинг контрола при Дејвис куп настапите.

Пред натпреварот против Камерон Нори Ѓоковиќ беше избран да биде тестиран и одби, сметајќи дека тоа можело да почека по мечот за да не му ја наруши рутината пред натпреварот.

Секогаш сум бил поддржувач на допинг контроли, но не пред натпреварот. Што ќе променеше тоа? Ништо, порача Ѓоковиќ.

На тоа велосипедистот Мадио, реагираше со свој став:

Новак одби да биде тестиран пред натпревар, ако антидопинг телото си ја работеше својата работа, господинот Ѓоковиќ требаше да биде суспендиран. Во велосипедизмот, ако одбиете тест, а тестот потоа е позитивен, ќе бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило, порача Мадио за РМЦ радиото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.