Новак Ѓоковиќ на својот инстаграм профил објави порака со поддршка на српските момчиња на кои на Божиќ беше пукано и беа ранети на Косово.

Стефан (11 години) и Милош (21 година) беа ранети откако припадникот на косовските безбедносни сили, Азем Куртај,  пукаше во нив додека се враќале од сечење бадникови гранки.

Новак мошне длабоко бил погоден од оваа вест и сподели фотографии од Немања Недовиќ и српските ракометари кои носат маички со имињата на двете ранети момчиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.