Новак Ѓоковиќ ќе може да се појави на голем турнир порано од она што се очекуваше, Србинот денеска доби добри вести од Франција.

Властите решија да ги олабават мерките и од 14. март се укинуваат ковид пасошите. Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на АТП мастерсот во Монте Карло и да ја брани титулата на Ролан Гарос.

Потоа тој ќе може да се фокусира на Вимблдон, властите во Велика Британија ќе дозволат настап и за тенисерите кои не се вакцинирани. Останува само дилемата за УС Опен, во моментов Србинот нема дозвола за влез во САД и настап на мастерс-турнирите во Индијан Велс и Мајами и нема никакви најави за промена на правилата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.