Новак Ѓоковиќ е вклучен во распоредот за играње на Отвореното првенство на Австралија, но тоа и натаму не е гаранција дека ќе настапи на турнирот. Сагата околу неговата виза за Австралија влезе во втората недела, додека се чека конечната одлука на министерот за имиграција Алекс Хок, кој има дискреционо право да му ја поништи. Тој не се огласува веќе три дена, откако во понеделникот федералниот суд во Мелбурн ја поништи претходната одлука за укинување на визата.
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска не сакаше да коментира кога владата ќе донесе одлука.
Позицијата на министерот за имиграција не е променета. Тој си има свои лични овластувања и во овој момент тука нема што да се коментира, изјави Морисон.
Она што е единствено познато во моментов е дека Ѓоковиќ би играл со својот сонародник Миомир Кецмановиќ во првото коло на Отвореното првенство на Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.