Австралискиот министер Алекс Хок уште не ја донел одлуката за депортација на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Одлуката требаше да биде донесена синоќа. Според медиумите во таа земја, светскиот тенисер број еден веднаш ќе се жали доколку донесат нова одлука за депортација од државата.

Министерот го разгледува случајот и документите кои ги објави судот, па според медиумите намерно ја одложува одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ за да ги намали шансите на Србинот повторно да се жали пред суд.

Ждрепката за Австралијан опен веќе беше одржана со Ѓоковиќ како прв носител, кој го доби Миомир Кецмановиќ во првото коло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.