Новак Ѓоковиќ реши да замине на заслужен летен одмор по загубениот финален меч на Вимблдон од Шпанецот Карлос Алкараз. Популарниот Ноле најпрво одмораше во Црна Гора, а сега е „уловен“ во хрватските води, поточно во познатиот туристички град, Дубровник.

Српскиот тенисер патува низ јадранското море со својата приватна јахта, а навистина е интересно нејзиното име.

Јахтата е наречена Тара, што е всушност името на неговата ќерка, а заедно со Новак се секако и синот Стефан и сопругата Јелена. Како и секогаш, Ѓоковиќ беше расположен за дружење со сите кои сакаа да се фотографираат со него, делеше автограми и сосема слободно се шеташе низ улиците, како најобичен човек.

Вториот светски рекет се забавуваше и во аква-паркот во Дубровник, а фотографиите сведочат за тоа дека Ѓоковиќ секогаш е приземјен, нормален и обичен човек кој едноставно сака да ужива во секој слободен момент, особено кога до него е неговото семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.