Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако денеска во спектакуларен меч го совлада Карен Хачанов со 3:1 (4:6, 7:6(7:0), 6:2, 6:4.
И двајцата тенисери беа убедливи на отворањето на мечот, немаа проблеми со својот сервер се до петтиот гем, кога Хачанов го доби првиот брејк на мечот.
Хачанов блескаше на теренот, одигра брилијантно во првиот сет и целосно го заслужи водството. Одигра подобро од Ѓоковиќ, направи значително помалку грешки (8/17), освои висок процент на поени на својот прв сервис, додека Новак се мачеше да го најде својот ритам и игра од претходното коло кога се чинеше дека ја подигна формата.
Вреди да се напомене дека ова е првиот сет што Ѓоковиќ го загуби на овогодинешниот Ролан Гарос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.