По влезот во финалето на Австралија опен Новак Ѓоковиќ проговоре за тоа како се чуствува, до кога ќе игра тенис, за семејството..
Професионален тенис играм од повеќе причини. Приватни причини секогаш да учам нешто ново на теренот, да се борам со моите демони, за мене тоа е голема животна школа. Имам цели и амбиции да освојувам Грен слемови, за мене тоа се столбовите на тенисот. Сакам да пишувам историја на спортот, јас сум натпреварувач. Се додека можам, ќе го правам тоа. Не знам кога ќе ја завршам кариерата. Мотивиран сум, имам поддршка од моите најблиски. Она што не ме прави среќен е разделбата од сопругата и децата – изјави Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.