Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ даде  интервју за италијанските медиуми, во кое тема беше Косово.

 

Ѓоковиќ рече дека сака со семејството да оди на Косово и таму да ги крсти синот Стефан и ќерката Тара.

 

“Сакам да одам на Косово со сопругата Јелена и таму да ги крстам моите деца. Знам дека темата е многу чувствителна бидејќи таму се уште има конфликт, без оружје во моментов. Но има тензија. Не сакам да бидете вклучени во политиката, но за секој Србин Косово е срцето, центарот на нашата култура, нашиот идентитет, традиција и религија“, рече Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.