Пред почетокот на турнирот во Монте Карло каде што живее, Новак Ѓоковиќ проговори за она што му се случуваше во Австралија.Тој вели дека тоа не може да го заборави и оти сигурно ќе остави траги.
Па, не може да се заборави. Едноставно е невозможно, но може да се прифати и продолжи, дека нешто веќе се случило и дека тоа е нешто за што човек повеќе не треба да се грижи или да биде воздржан од она што го доживува во моментот или што ќе се случи во иднина. Имав многу ситуации на и надвор од теренот кои се трауматични од овие одвратни војни кои растат наваму. Сето тоа остава лузна. Годинава го доживеав она што не сум го доживеал во кариерата, во животот. Сигурно оставило трага ментално и емоционално. Не знам колку е големо и колку ќе ме следи. Тоа е нешто што не можам да го предвидам и не можам да трошам енергија, да размислувам колку ќе ме следи – рече Ѓоковиќ.
За турниот кој следи вели.
Не играв натпревари. Земјата е специфична подлога, се надевам дека нема да ми треба многу време да влезам во ритам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.