Карлос Алкараз ќе биде нов лидер на наредната АТП-листа откако шпанскиот тенисер успеа да ја мине првата пречка на турнирот во Рим.
Тој денеска се сретна со Шпанецот Алберт Рамос Вињолас и славеше со 2-0 во сетови, а самиот пласман во третото коло од овој Мастерс-турнир му донесе на Алкараз доволно бодови за да го прескокне Новак Ѓоковиќ во светското рангирање.
Србинот имаше минимална предност на последната АТП-листа, но бидејќи Алкараз лани не играше во Рим, тој со само една победа стигна до доволен број на бодови за да се врати на врвот.
Ова овозможува Карлос Алкараз како прв светски рекет да го дочека Ролан Гарос, што значи дека Шпанецот ќе биде и прв носител на францускиот гранслем турнир, додека Новак Ѓоковиќ ќе биде втор носител во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.