Објаснувањето на Новак Ѓоковиќ дека зголемената фреквенција на замор на теренот е поврзана со нарушено здравје според српскиот доктор Миљко Ристиќ укажува на анемија, но и на невромускулна болест – мијастенија гравис, која се лекува со лекови, а операцијата е многу ефикасна по која закрепнување трае само два месеци.
Според докторот, има многу фактори кои влијаат на здравјето на спортистите, не само на Ѓоковиќ а најважен фактор во овој случај е физичката подготвеност, која се намалува со возраста.
Зад Ноле стојат голем број одиграни натпревари и мислам дека е време да се погледне на болната вистина во очи и едноставно полека да се доведе до крај успешната и богата кариера, тој има уште 35 години. Ако се покаже дека се работи за болест, Ноле не треба многу да се грижи, бидејќи мијастенијата гравис е блага и доволна е една операција за да се отстрани оваа болест, додека закрепнувањето е нешто подолго од месец до два. Јас лично имам извршено над 100 вакви операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.