Српскиот фудбалер Милош Нинковиќ, кој неколку години игра во Австралија, посочи дека и на Рафаел Надал не требало да му биде дозволен влез во земјата и дека Шпанецот го прекршил законот.
Многу тенисери влегоа бидејќи добиле медицински исклучок, само Новак го затворија. Никој не говори на таа тема. Доколку си австралиски државјанин и не се наоѓаш во земјата, а си добил ковид во некоја друга земја, во наредните 14 дена не можеш да влезеш во Австралија. Колку што се сеќавам Надал објави дека е заразен на 20 декември, а во Австралија влезе на 30 или 31 декември. Значи не поминале две недели. Никој не пишува за ова, никој не го поставува ова прашање. Како се случи тоа? Ова само говори дека целта од почетокот им бил Ѓоковиќ, вели Нинковиќ за српски „Курир“.
Надал уште пред Нова година се пофали дека е во Мелбурн, каде игра на турнир како загревање за гренслемот што следи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.