Светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, го победи Холгер Руне во четврт-финалето на турнирот во Париз со 2:1, по сетови 7:5, 6:7 и 6:4.

Со овој триумф, српскиот тенисер по 76. пат се пласираше во полуфиналето на турнир од серијата Мастерс. Со тоа, популарниот Ноле го повтори рекордот на Рафаел Надал во оваа статистичка категорија.

Трет на оваа листа е Роџер Федерер со 66 полуфинални натпревари.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето во француската престолнина ќе биде Русинот Андреј Рубљов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.