Српските медиуми објавуваат дека голем број навивачи кои купиле карти за Австралија Опен бараат да им бидат рефундирани парите. Тие сметаат дека се измамени од организаторите бидејќи го најавувале светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ на кого му е забрането да се натпреварува.
За нив другите тенисери не се доволно интереси.
Рускиот тенисер Данил Медведев го прогласи Шпанецот рафаел Надал за фаворит на Австралија опен уште по првото коло на турнирот во Мелбурн.
– Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен слем титули, изјави за „Eurosport.co.uk“.
Надал и Медведев победија во првото коло на Австралија опен.
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ беше прв фаворит на турнирот, но беше депортиран од Австралија, па сега со поголеми шанси за трофејот се неговите конкуренти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.