Шпанскиот тенисер Рафаел Надал победи на АТП турнирот во Акапулко, Мексико. За него ова е четврти трофеј на овој турнир, при што тој стана и највозрасниот победник на 35-годишна возраст. Претходно, пак, Надал во 2005 година, на 18-годишна возраст стана најмладиот освојувач на трофејот на овој турнир..
Во финалето Надал го победи Британецот Камерон Нори со 2:0, (6:4, 6:4).
За Надал ова е 91. титула во кариерата и трета по ред, откако претходно ги освои Мелбурн и Австралија опен.
Наградниот фонд на турнирот во Акапулко изнесуваше 1,7 милиони долари.
Од утре Надал ќе се врати во Топ 4 тенисери на АТП ранг-листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.