Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва ваква низа од летото 2022 година.
– Го издржав предизвикот. Веднаш по натпреварот не чувствувам болка, но не знам како ќе се разбудам. Мора да почекаме. Ќе видиме дали ќе можам да играм напорни натпревари во последователни денови. Се надевам дека е така. Но, ова е ново за мене. Долго време не сум имал такви оптоварувања за време на еден натпревар, изјави Надал.
Шпанскиот тенисер изрази задоволство од неговото учество на турнирот во Мадрид.
-Уживам да играм овде. Времето кога сум овде на теренот има многу вредност за мене, и на тениски и на емотивен план, призна Рафа Надал.
Ветеранот вечер од 21:30 часот ќе се соочи со Јиржи Лехечка од Чешка во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.