Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од Вимблдон поради повреда.
Во текот на денешниот ден Шпанецот имаше лесен тренинг од 45 минути, по што одлучи дека нема да може да учествува во полуфиналето на турнирот.
Претходно беше објавено дека 36-годишниот Шпанец го одиграл четвртфиналниот натпревар против Американецот Тејлор Фриц со повреда на стомачниот мускул.
Така, Австралиецот Ник Кирјос, кој требаше да игра со Надал во полуфиналето, автоматски се пласира во финалето, во кое ќе се сретне со победникот од мечот Новак Ѓоковиќ – Камерон Нори. зс/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.