Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој по едногодишна пауза се враќа на терените, пред настапот на претстојниот турнир во Бризбејн изјави дека не размислува за освојување на титулата, туку само сака повторно да ужива во тениската игра.
Триесетиседумгодишниот Надал ќе настапи на турнирот во Бризбејн, откако поради повреда на колкот последен пат се појави на тенискиот терен во јануари оваа година на Австралија Опен.
Денес е невозможно да се размислува за освојување на турнирот. Тоа што е возможно е да е уживам во враќањето. Не очекувам многу. Сепак, една година бев надвор од теренот, изјави освојувачот на 22 грен-слем титули, кој двапати во кариерата триумфираше во Бризбејн.
Надал најави дека 2024 веројатно ќе биде последна година во неговата професионална тениска кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.