Двократниот финалист на Отвореното првенство на Франција, Алекс Коретја призна дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал по повредата може да има време да се опорави за Грен слемот Ролан Гарос. Турнирот започнува на 22 мај.

– Оваа повреда беше сосема неочекувана. Беше во одлична форма, беше целосно сигурен во себе, добиваше натпревари. Имаше одличен почеток на сезоната. Но, понекогаш тоа се случува. Особено штета, со оглед на тоа што му се приближуваше омилениот дел од сезоната – турнирите на земјена подлога. Сега треба да закрепне, да почне повторно да тренира. Ќе може да игра и пред Ролан Гарос. Очекувањата од неговиот настап во Париз се многу големи. Се надевам дека ќе влезе во форма. За Надал овие турнири се многу важни, изјави Коретја за „Еуроспорт“.

Во 2022 година, Надал ги освои АТП турнирите во Мелбурн и Акапулко, а стана и победник на Грен слемот Австралија Опен.

Дваесет и еднократниот победник на Грен слем турнирите го откажа настапот на турнирот во Монте Карло, кој започнува на 10 април.

Претходно беше објавено дека Надал ќе пропушти 4-6 недели поради повреда на ребро



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.