Нешто помалку од 24 часа останува до судењето на Новак Ѓоковиќ и одлуката дали Србинот ќе добие дозвола за влез во Австралија или ќе биде депортиран.

Светскиот рекет број 1 беше задржан во хотелот за мигранти, откако властите во Мелбурн утврдија дека Ѓоковиќ нема валидна виза за влез во Австралија.

Според најавите, судењето на Ѓоковиќ е закажано за понеделник во 10 часот наутро по локално време. Тоа значи дека по македонско време, судењето ќе започне околу полноќ во недела кон понеделник.

Од Австралија стигна порака дека ќе може да се следи и директно судењето на Ѓоковиќ.

Постои вообичаено дискреционо право судијата да одреди во одредени случаи, само одредени луѓе да бидат присутни во текот на сослушувањето, но и дека некои луѓе не може да бидат присутни на процесот. Ако некој член на јавноста сака да ја следи и слуша расправата, ве молиме да го контактирате судијата по пат на е маил пошта до 8:30 часот пред почетокот на рочиштето, стои во објаснувањето на сајтот.

Оваа е официјалниот сајт на кој ќе може да се следи сослушувањето.

https://www.fcfcoa.gov.au/gfl/courtlists/vic/melbourne



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.