Еден од најдобрите боксери на денешницата, Флојд Мејведер, не планира да престане да влегува во рингот. И покрај неуспехот на неговиот последен егзибициски меч со ѕвездата на реалното шоу „Џорди Шор“, Арон Чалмерс во Велика Британија, непоразениот боксер веќе бара нов противник за неговото следно боксерско шоу.

Како што објавуваат американските медиуми, неговиот избор е прилично контроверзен. Според информациите, Мејведер, на 11 јуни на Флорида ќе се соочи со Џон Готи Третиот, внук на познатиот њујоршки мафијашки бос, Џон Готи.

Готи има 30 години и е ММА борец. Тој дебитираше во 2017 година и досега има скор од пет победи и еден пораз. Готи третиот исто така имал и две борби како професионален боксер, двете со победнички резултати (едногласна одлука во првата и нокаут во првата рунда во втората).

Џон Готи е еден од најславни мафијаши во Њујорк. Тој беше еден од најпознатите и најмоќните криминалци во САД, припаѓаше на семејството Гамбино и почина во затвор во 2002 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.