Кошаркарите на Денвер Нагетс го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на франшизата кога е во прашање НБА плеј-офот. Минесота Тимбервулвс го совлада тимот на Колорадо со 115:70 и со тоа го доби седмиот натпревар од полуфиналната серија.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, девет скока и две асистенции. Сепак, најголем проблем на Денвер е фактот што „двоцифрени“ беа само Арон Гордон (12) и Џамал ​​Мареј (10).

-Мораме да прифатиме дека ова е голем пораз. Не победија, нè уништија и мораме да научиме од ова. Мораме да почитуваме се што направија. И, погледнете, имавме резултат 9-2 на почетокот. Не изгледаше така добро за нив. Од тој момент играта стана еднотимско шоу, изјави Јокиќ по поразот.

Трикратниот МВП истакна и како од почетокот најави интересна серија против Минесота.

-Оваа серија е многу интересна, тоа го кажав и пред почетокот. Секој може да победи како гостин и тоа е она што го гледаме во моментов. Не се појавивме на овој натпревар, тие беа подобри од нас во секој сегмент. Дадовме едвај 70 поени, нивната одбрана беше фантастична. Бројките зборуваат сами за себе, објасни српскиот центар.

Одлучувачки фактор за ваков пораз беше очајниот шут од поле. Нагетс погодија само 30 проценти од нивните удари, што е навистина премногу ниско за плејоф натпревар.

-Покажаа дека се одличен одбранбен тим, тие се најдобрата одбрана во лигата со причина. Имавме свои шанси, но не ги искористивме, рече Јокиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.