Италијанскиот тенисер Матео Беретини се повлече од Грен слемот Вимблдон поради позитивен тест на корона вирус.
Со скршено срце објавувам дека нема да можам да се натпреварувам на Вимблдон поради позитивен тест за Ковид. Имав симптоми слични на грип и во изминатите неколку дена бев во самоизолација. Иако симптомите не беа сериозни, наутро направив уште еден тест за да не ги загрозам моите колеги и другите луѓе вклучени во турнирот. Немам зборови да го опишам разочарувањето што го чувствувам. Мојот сон за оваа година е уништен, но ќе се вратам посилен – порача Беретини.
Италијанецот ги освои турнирите во Штутгарт и Лондон пред стартот на Вимблдон 2022.
Претходно, поради Ковид од Грен слемот во Лонодн се повлече и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.