Македонската одбојкарска репрезентација во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против кодомаќинот Италија или Србија, а противникот ќе биде познат по исходот од вечерашниот дуел на „црвено-жолтите“ против Чешка со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во случај на победа, македонските одбојкари ќе го освојат третото место во групата Ц и во својот дебитантски осминафинален натпревар ќе играат против Србија на 10 септември во Бари, додека во случај на пораз, противник во нокаут фазата ќе им биде Италија ден порано, исто така, во Бари.
Претходно, во рамки на завршното коло во групата Ц ќе играат Полска и Црна Гора.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во досегашните четири натпревари на Европското првенство ги совладаа Данска (3-1) и Црна Гора (3-0), а загубија од Полска и Холандија со идентични 3-0 во сетови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.