Седумкратниот светски шампион во Фоирмула 1, Луис Хамилтон, наскоро нема веќе да биде познат по името со кое испиша историја во автомобилизмот. Англискиот возач најави дека е во процес на промена на името.

Навистина сум горд на моето презиме Хамилтон. Но, никој од вас сигурно не знае со сигурност дека презимето на мајка ми е Ларбалестир и јас ќе го ставам во моето презиме – најави Хамилтон за време на посетата на Дубаи Експо.

Тој не откри дали во иднина тој ќе биде Луис Ларбалестир или, пак, Луис Хамилтон-Ларбалестир, но тоа што е дефинитивно е дека моминското презиме на неговата мајка Кармен секогаш ќе се спомнува кога тој ќе буде именуван.

Не разбирам многу добро зошта кога луѓето се мажат, жената го губи презимето. Сакам да се појавувам со презимето на мајка ми. Се надевам дека се ќе се реши наскоро. Нема да биде за овој викенд, но работиме на тоа – возачот ги објаснува причините за својата одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.