Рафаел Надал веќе подолго време отсуствува од тениските терени поради повреда, а два и пол месеци по операцијата Шпанецот полека почна да тренира.

Надал во јуни мораше да оди на операција поради проблем со колкот, а првите прогнози беа дека освојувачот на 22 Грен слем трофеи ќе отсуствува од терените до крајот на годината.

Сепак, снимката од тренинзите на Рафа, во салата како дел од неговата академија, ги подгреа надежите на тениските фанови дека враќањето на еден од најдобрите играчи на сите времиња може да дојде побрзо од предвиденото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.