Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови против Дарија Астакова во полуфиналето на турнирот во Чешка.
Македонската тенисерка доминираше во првиот сет и го доби со 6-2, по што следеше мал пад во играта, а тоа го искористи Астакова, која израмни на 1-1 во сетови (6-3).
Во последниот сет Ѓорческа рано направи брејк, па не и дозволи на нејзината противничка да се врати во дуелот и славеше со 6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.