Охриѓанецот Марко Пејчиновски неодамна објави дека ова лето ќе има 10 препливувања во 10 викенди и ќе исплива 250 километри. Тој денеска исплива 14 километри од Радожда до Охрид.
„Летната одисеја започна. Стартуваме со првото од десетте препливувања. Радожда – Охрид (14 километри)“, објави Марко на социјалните мрежи.
По речиси пет и пол часа пливање тој повторно се огласи на социјалните мрежи каде ги извести своите следачи дека успешно ја испливал оваа релација.
„После големи искушенија со ветар и бранови, Марко пристигна на Охридското пристаниште за 5:25:09 часа. 1/10“, стои во објавата на социјалните мрежи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.