Угледниот германски лекар Фриц Зергел долго време се сомнева дека Рафаел Надал користи недозволени супстанци.

Медицинскиот експерт Фриц Зергел, специјалист за допинг од Институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг, во интервју за германски Спорт 1 откри дека тенисот е на врвот на листата на спортови во кои допингот е најзастапен.

“Анаболичките стероиди се класика во тенисот. Затоа не сум изненаден. Следам настани со децении и имам јасна слика за се. Тенисот е во првите четири спортови кога е во прашање допингот, покрај зимските спортови, атлетиката и велосипедизамот“, рече Зергел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.