Македонските одбојкари синоќа триумфираа со 3-0 во сетови против Црна Гора, а денеска ги чека натпревар против една од најсилните селекции во светот, Полска.

Александар Љафтов, кој играше одлично против Црна Гора, кажа дека им се остварил сонот.

„Само ние знаеме како стигнавме до тука. Сакам да ѝ честитам на Македонија, на спортската јавност и на сите Македонци кои ни даваат поддршка. Нашиот сон стана реалност. Можеби делуваше дека е лесно, но верувајте ми дека не е така“, кажа Љафтов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.