Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка.
Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.
Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението.
Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.