Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, по завршувањето на Вимблдон заминал на забава во познат лондонски ноќен клуб.

Сестрата на тенисерот, Халима Кирјос, објави неколку „приказни“ на Инстаграм на кои сподели како тече забавата на која шпокрај Кирјос, присуствувале неколку негови пријатели, но меѓу нив го немаше Новак Ѓоковиќ, кој го совлада во финалето на броитанскиот грен-слем.

По завршувањето на финалниот меч на Вимблдон, кој го доби Ѓоковиќ, двајцата тенисери разменија неколку шеги, при што Ѓоковиќ изјави дека му предложил на Кирјос победникот да плати вечера, додека Австралијанецот го повика Ноле на забава во ноќен клуб.

На крајот, Кирјос отишол на забавата без друштвото на Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.